Португалскиот стратег Жозе Мурињо со Рома излезе голем победник во римското дерби против Лацио, а потоа на Италијанците им порача дека не треба така лесно да ја отпишуваат Македонија во баражот за Светското првенство.
Во четврток Македонија ќе и гостува на Италија во Палермо, додека Португалија е домаќин на Турција. Победниците ќе се сретнат на 29. март во борба за виза за СП во Катар.
„Италија или Португалија на мундијалот? Не ги отпишувајте предвреме Македонија и Турција. Сепак, јас не можам да бидам неутрален. Ја сакам Италија, живеам тука и оваа земја ми даде многу, но си навивам за Португалија и сакам да оди на Светското првенство“, изјави Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal