
Слога Виница ја загуби лидерската позиција во Втората лога Исток. На гостувањето во Гевгелија, виничани загубија од Кожуф со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за домаќинот беше Андреј Јаневски од пенал во 15.минута.
Победа се врати на врвот откако го совлада Детонит со 2-5. Иван Настевски и Милан Чичевски донесоа два гола предност за Детонит, но во второто полувреме дури пет гола за прилепчани. Оливер Христов беше двоен стрелец, а погодија и Даниел Карчески, Филип Димоски и Бојан Спиркоски.
Каменица Саса со 0-3 го совлада тимот на Локомотива на гости. Ненад Нешовски, Борче Гогов и Бобан Тасевски беа стрелци за гостите.
Беласица исто така со 0-3 го победи Братство. Михаилов го отвори резултатот, Гугуљанов зголеми на 0-2, а веднаш потоа погоди и Даниел Радојчиќ.
Осогов и Пехчево ремизираа 1-1. Ступиќ ги доведе гостите во водство, а израмни Манов во 75.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
