
Вилјареал е изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите откако успеа да го декласира Јувентус со 0-3 среде Торино и се пласира во четвртфиналето од елитното европско клупско натпреварување. Шпанскиот тим можеби беше инфериорен во првиот дел, Влаховиќ ја погоди гредата, одлична шанса имаше и Мората, но Вилјареал ги дочека своите моменти во второто полувреме. Јувентус и трета година по ред е елиминиран во осминафиналето, и тоа од „аутсајдер“.
Ругани погреши и направи фаул во шеснаесетникот, ВАР пресуди дека сепак има пенал, а Жерар Морено во 78.минута постигна гол за водство. Пау Торес во 85.минута беше снаодлив по корнерот од десната страна и го реши победникот, а дебаклот на Јувентус го запечати Данџума од пенал во 92.минута.
Челси и вторпат го победи Лил, овојпат во Франција со 1-2. Бурак Јилмаз најави интересен меч откако реализираше пенал во 38.минута, но Кристијан Пулишиќ не дозволи Челси да замине со негатива на одморот.
Во второто полувреме Цезар Аспиликуета во 71.минута постигна победнички погодок за актуелниот европски првак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
