Фудбалската репрезентација на Македонија е пред најголемиот предизвик по Европското првенство, баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на повикани репрезентативци и го истакна својот оптимизам, иако Македонија ќе му гостува на европскиот првак Италија во Палермо.
“Македонија заслужи со своите игри и резултати да биде меѓу топ 20 репрезентации во Европа. Веруваме дека можеме и многу повеќе, но имаме максимален респект за нашиот ривал, Италија. Ќе одиме да се ндигруваме, да уживаме во натпреварот и да го дадеме својот максимум. И нема да се браниме, бидете уверени во тоа. Ако има нешто што не знае оваа Македонија, тоа е само да се брани во текот на натпреварот”, вели селекторот Благоја Милевски.
Македонија на 22. март патува за Палермо каде два дена подоцна ќе го игра бараж натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство. Победникот од овој дуел во финалето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski