
Атлетико Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 2-1, откако го совлада Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0-1. Ренан Лоди во 41. минута го постигна победничкиот гол за шпанскиот првак.
За возврат, Манчестер Јунајтед упати 11 удари кон голот на Атлетико, од кои пет успеа да ги сопре словенечкиот голман Јан Облак. Ниту еден од овие обиди не беше на Кристијано Роналдо, што е реткост. Сепак, статистиката покажува дека тоа е само втор меч на кој Роналдо не упатил ниту еден удар директно во противничкиот гол.
На Португалецот ова последен пат му се случило во финалето на Европското првенство во 2016 година. На тој натпревар, во кој Португалија ја освои титулата со голот на Едер по продолжение со Франција, Роналдо одигра само 25 минути и мораше да излезе поради повреда на коленото. Натпреварот со Атлетико Мадрид го одигра со полна минутажа.
Статистичките показатели ја покажуваат комплетната немоќ на Роналдо, иако Атлетико Мадрид досега му беше една од омилените „жртви“. Не само што го одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите од 2011 година без шут кон голот, туку на Роналдо му се случи за првпат по 2015 година да нема ниту еден допир со топката во противничкиот шеснаесетник. Инаку, и за првпат од сезоната 2009/2010 останува без трофеј.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
