Фудбалскиот клуб Барселона го официјализираше новиот спонзорски договор со компанијата „Спотифај“. Стигна потврда дека нов генерален спонзор на Барса ќе биде компанијата „Спотифај“, а договорот на три години е вреден над 200 милиони евра.
Бројката ќе варира во зависност од другите детали како потенцијалното име на стадионот „Спотифај Камп Ноу“, а Барса дефинитивно ќе има 70 милиони по сезона до 2025 година.
На Барселона на крајот од сезоната и истекува договорот со јапонската компанија „Ракутен“, која беше спонзор во изминатите пет години, па новата управа го бараше најдоброто решение. На крајот изборот падна на популарниот „Spotify“, кој е најголемата светска платформа за слушање музика, има четири милијарди плејлисти и над 50 милиони песни.
На овој начин Хоан Лапорта и челниците на клубот ја собраа толку потребната сума на пари за нови засилувања за следната сезона.
Договорот стапува на сила на 1 јули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal