Кристијано Роналдо никогаш не бил фудбалер според вкусовите на Антонио Касано, а поранешниот италијански фудбалер тоа често го истакнува во своите интервјуа. Сега отиде можеби и предалеку, овојпат како гостин во емисијата на Кристијан Виери на неговата Бобо ТВ.
„Кристијано Роналдо не е меѓу најдобрите играчи во историјата. Да, постигна 807 гола, освои трофеи и е добар фудбалер. Му симнувам капа. Сепак, друго е да се игра добар фудбал. Зидан, Иниеста… Тие не постигнаа ниту половина голови како него, но тие се вистинските генијалци“, изјави Касано.
На крајот додаде и една споредба.
„Тој е повеќе тип на играч како Инзаги или Трезеге. Тие беа одлични, но искрено, фудбалот е нешто сосема друго”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













