Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид вечерва на „Олд Трафорд“ ќе се пресметаат во реванш осминафиналето од Лигата на шампионите. Крајниот исход е сосема непредвидлив, што носи уште поголема возбуда. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши 1-1, иако Атлетико имаше водство. Но, голот на резервистот Ентони Еланга им го донесе вредното реми на „црвените ѓаволи“. Сепак, голот на гости веќе не е посебна предност, па оттаму и Атлетико Мадрид има свои шанси на „Олд Трафорд“.
И Јунајтед и Атлетико имаат сериозни дефанзивни проблеми од почетокот на сезоната и тешко дека ќе ризикуваат да нападнат уште од самиот почеток. Хари Мегваер постојано е критикуван, но Ралф Рангник сепак верува во него. Мадриѓаните речиси и да немаат натпревар без примен гол од почетокот на сезоната, а Диего Симеоне никако не успева да ги реши проблемите.
Во текот на викендот, Манчестер Јунајтед оствари многу важна победа со 3-2 над Тотенхем и ги задржа надежите за пласман во топ 4 во Премиер – лигата. Кристијано Роналдо беше големиот херој со хет-трик и покажа дека неговиот тим се уште зависи од Португалецот.
Вечерва сите очи повторно ќе бидат вперени во Кристијано и тоа со добра причина. Атлетико Мадрид примил вкупно 25 гола токму од Роналдо додека ги носеше дресовите на Реал Мадрид и на Јувентус. Може да се каже дека „душекџиите“ му се омилени жртви.
Атлетико е во серија од четири последователни победи во Ла Лига, но тимот на Чоло Симеоне не може да биде сигурен за неговото место меѓу четирите најдобри. Против Кадиз во текот на викендот, тимот победи, но без некој посебен сјај.
Мадриѓаните во пет од последните осум сезони стигнаа барем до четвртфиналето на Лигата на шампионите, а пред една година беа елиминирани во осминафиналето од друг тим од Англија – Челси, кој потоа го крена и трофејот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













