
Поразот од Реал со 3-1 во Мадрид и испаѓањето во осминафиналето од Лигата на шампионите тешко им падна на навивачите на парискиот клуб, кои жестоко ги исвиркаа најголемите ѕвезди, Лео Меси и Нејмар. Тој момент беше нетипичен за славниот Аргентинец кој доживеа нешто слично во 2011 година кога „гаучосите“ беа елиминирани на Копа Америка.
На трибините за време на натпреварот против Бордо беше и Антонела Рокуцо, долгогодишна партнерка на повеќекратниот освојувач на „Златната топка“.
Медиумите ги снимија и реакциите на Антонела на свирежите на меси. Забележливо е дека била изненадена и изнервирана од однесувањето на париската публика.
Нејзините изрази на лицето и говорот на телото се јасен показател за тоа како се чувствуваше сопругата на можеби најдобриот играч во историјата.
Во текот на денешниот ден на портата на тренинг кампот на ПСЖ се појавија навредливи графити. Ова дефинитивно не е моментот што Меси го посакуваше кога дојде во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
