
Францускиот ас Килијан Мбапе го напушта Пари Сен Жермен, а негов следен клуб ќе биде Реал Мадрид. Ова сега и дефинитивно е јасно, а набрзо ќе биде и потпишан договорот кој ќе има важност од јуни, по завршувањето на оваа сезона.
Шпанскиот весник „Марка“ открива дека се е договорено меѓу раководството на Реал Мадрид и агентите на Килијан Мбапе. Тој ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува 25 милиони евра по сезона. Ќе добие и бонус од 80 милиони евра затоа што доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен агент.
Ова значи дека за престојот во Реал Мадрид ќе заработи фантастични 200 милиони евра, плус дополнителни бонуси за успеси со клубот и евентуалното освојување на „Златната топка“.
Килијан Мбапе беше стрелец на двата гола за Пари Сен Жермен во двомечот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Постигна по еден гол во Париз и во Мадрид, но „кралевите“ се пласираа понатаму со хет-трикот на Карим Бензема, кој од јуни ќе му биде клупски соиграч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
