
Милан мора да победи на секоj нареден натпревар доколку сака да ја освои титулата во Серија А за првпат по 11 години. Ова го изјави тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, пред денешниот меч со Емполи.
Седумкратниот европски првак е лидер во поредокот со два бода предност пред Интер, кој, сепак, има натпревар помалку, како и три бода пред третопласираниот Наполи. Не заостануваат многу ниту Јувентус и Аталанта, кои битката за титулата во Италија ја прават неверојатно интересна.
Според Пиоли, Милан не смее да си дозволи да потцени ниту еден од другите тимови во Серија А, а не само претендентите за титулата.
„Секоја од тимовите кои се при врвот се силни и можат да ги добијат своите натпревари. Ако Милан сака да биде шампион, тогаш треба да победиме на сите натпревари до крајот. Секој натпревар е различен знаеме дека треба да пристапиме со упорност за да можеме да ги покажеме нашите квалитети“, истакна Пиоли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
