
Пари Сен Жермен има уште една пропадната сезона кога е во прашање обидот да се освои трофејот во Лигата на шампионите. На патот им застана Реал Мадрид кој ги елиминираше во осминафиналето.
Раководството најави голема чистка во играчкиот кадар, а најверојатно и нов тренер кој би го заменил Маурисио Покетино од следната сезона. Но, многу поважна е информацијата дека „светците“ ќе се обидат да го доведат Мохамед Салах во Париз.
Египќанецот на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока. Американските сопственици не сакаат да платат 30 милиони евра по сезона колку што бара неговиот агент за потпис на нов договор, па многу е веројатно дека на лето ќе биде продаден.
Оваа ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој во Египќанецот гледа идеална замена за Килијан Мбапе кој речиси е договорен за заминување во Реал Мадрид.
ПСЖ на Салах наводно веќе му понудил четиригодишен договор и плата од 30 милиони евра по сезона, понуда која Ливерпул не може да ја израмни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
