Италијанскиот првак Интер го победи Ливерпул со 0-1 на „Енфилд“ во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Сепак, таа победа не му беше доволна за да се пласира во четвртфиналето бидејќи Ливерпул победи со 2-0 на првиот натпревар во Милано.
Лаутаро Мартинез погоди за Интер на „Енфилд“ во 62. минута.
Се чинеше дека Интер може да дојде до целосен пресврт, но во 63. минута неговиот соиграч Алексис Санчез беше исклучен. Чилеанецот непромислено стартуваше над играчот од средниот ред на Ливерпул, Фабињо, и доби исклучување од судијата Лахоз. Тогаш значително се намалија шансите на Интер да оствари сензација.
Легендарниот француски тренер Арсен Венгер верува дека Фабињо успеал да изнуди реакција на судијата во таа ситуација.
„Постои тенка линија помеѓу мамење или паметен потег. Фабињо во овој случај манипулирапе. Имаше контакт, но и немаше намера да прекршок, а Фавињо падна како покосен“, изјави Венгер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













