Откако стана јасно дека дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен, одбил да се пресели во Баерн Минхен како слободен агент, а ќе се приклучи на Барселона, германскиот шампион се насочи кон друг дефанзивец чиј договор истекува на крајот од сезоната.
Според „Билд“, значително се зголемени шансите Матијас Гинтер од Борусија Менхенгладбах да потпише за баварскиот клуб. 28-годишниот фудбалер не беше првиот избор на Баерн, но многу работи се променија во последните неколку дена.
Гинтер има искуство во Бундес – лигата и познава голем дел од играчите од германската репрезентација, па нема да му треба долга адаптација. Тој треба да го замени Никлас Суле, кој ќе се пресели во Борусија Дортмунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













