
Каталонскиот гигант Барселона до крајот на оваа седмица треба да го обезбеди потписот на данскиот интернационалец Андреас Кристенсен. Одличниот стопер го делат само формалности од Барселона, со оглед дека веќе го мина и медицинските прегледи на „Камп Ноу“.
Данецот ќе потпише петгодишен договор со Барселона, според кој ќе заработува повеќе од 5 милиони евра по сезона. Шпанските медиуми пишуваат дека Барса го победила Баерн Минхен за да го ангажира Кристенсен.
Стоперот на Челси е само првото во низата големи засилувања за каталонците за следната сезона. Клупскиот соиграч на Андреас Кристенсен, Цезар Аспиликуета, лесно може да тргне по неговите стапки и да му се придружи на „Камп Ноу“. Одбраната на Барса би можела да биде посилна и за десниот бек на Ајакс, Нусаир Мазрауи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski