Менаџерот на Евертон, Фрaнк Лампард, изјави дека не се плаши од тешкотиите што го чекаат тимот во битката за опстанок во Премиер – лигата, по поразот од Тотенхем (5-0). Евертон се наоѓа на 17. место на табелата и сериозно си го загрози опстанокот во англиската елита.
„Немам проблем со предизвикот со кој се соочуваме. Јасно е дека имаме проблеми, но ќе мора многу да работиме за да се подобриме. Нема магично стапче за излез од оваа ситуација“, изјави Лампард по најтешкиот пораз како тренер.
Во преостанатите натпревари од Премиер – лигата, Евертон ќе игра со тимови како Ливерпул, Челси, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Вест Хем, каде секако има аутсајдерска улога.
Лампард се надева на подобро издание на тимот на дуелите со Вулверхемптон в недела и со Њукасл на 17 март.
„Мора да бидеме подготвени“, изјави 43-годишниот Франк Лампард.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













