Баерн Минхен вечерва на „Алијанц Арена“ е домаќин на Салцбург во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без победник, 1-1. Тоа значи дека на домаќините им е потребна задолжителна победа за да одат во следната рунда, бидејќи веќе не важи правилото за гол во гости.
На првиот натпревар во Австрија германскиот тим не беше убедлив и стигна до реми дури на крајот од натпреварот иако важеше за огромен фаворит. Сега тимот на Џулијан Нагелсман ќе мора да одигра многу подобро.
Кај баварците се враќа голманот Мануел Нојер, кој поради операција на коленото пропушти пет натпревари за својот тим. Сепак, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Толисо сигурно ќе го пропуштат овој меч, а во составот се враќа и Луис Хернандез.
Баерн Минхен игра на домашен терен и има извесна предност, но на последните натпревари, вклучително и оној во Австрија, покажа слабости. Во последните седум натпревари, тимот само еднаш успеа да сочува чиста мрежа.
Австријците кои во изминатиот период беа погодени од коронавирус, не ја загубија храброста да се надигруваат со гигантот од Минхен. Салцбург покажа несомнен квалитет на првата средба и вечерва сигурно ќе се обиде да стигне до сензација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













