
Ливерпул вечерва ќе го нагости италијанскиот првак Интер во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите. На првиот меч во Милано, Ливерпул славеше со 0-2 и самоуверено се радува на следната фаза.
Сепак, Интер се надева на чудо. Тренерот Симоне Инзаги верува дека ако неговиот тим има еден гол предност по првото полувреме, може да се врати во игра на двомечот со Ливерпул.
„Нероаѕурите“ изминатиот викенд остварија убедлива победа од 5-0 над Салернитана, но тоа не е критериум за ЛШ. Симоне Инзаги нема да може се потпре на Николо Барела, а негов заменик во средниот ред најверојатно ќе биде Артуро Видал. Иван Перишиќ се враќа во акција на левото крило, а нападот треба да го предводат Хоакин Кореа и Лаутаро Мартинез.
Кај Ливерпул, можно е египетската суперѕвезда Мохамед Салах да остане резерва, а наместо него на теренот да излезе Луис Дијаз како партнер во нападот со Диого Жота и со Садио Мане.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal