
Стивен Џерард одлично го предводи тимот на Астон Вила, кој имаше многу проблеми на почетокот на шампионатот, а моментно се наоѓа на средината на табелата во Премиер – лигата и има големи планови за во иднина.
Откако пристигна на позајмица од Барселона, Бразилецот Кутињо, клубот од Бирмингем планира два големи потписи на лето. Првиот е секако откупот на договорот на бразилскиот играч за врска, а вториот е трансферот на неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Џорџинио Вајналдум.
Медиумите во Англија пренесуваат дека менаџерот Стивен Џерард е подготвен да ја активира летната „бомба“ и да го доведе Холанѓанецот од „Паркот на принцовите“ кој би имал клучна улога во средниот ред на составот од Премиер – лигата.
На Астон Вила и се потребни 25 милиони евра за да ги започне преговорите со ПСЖ околу трансферот на Вајналдум, кој не се снајде во редовите на „светците“ откако минатото лето дојде од Ливерпул како слободен играч.
Тој за ПСЖ оваа сезона одигра 22 натпревари, постигна само еден гол и забележа две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
