
Шпанскиот интернационалец Хуан Мата (33) веќе некое време не е во прв план во Манчестер Јунајтед, а тоа само му олеснува да одлучи да го напушти „Театарот на соништата“ на крајот од сезоната.
Мата оваа и минатата сезона многу ретко го гледавме во Премиер – лигата, речиси и да не добиваше шанса, па ја разгледува опцијата да се врати во шпанската Примера каде последен пат играше пред 11 години носејќи го дресот на Валенсија. Сепак, за него има интерес и од клубови во Серија А.
Хуан Мата оваа сезона не одигра ниту една минута во Премиер – лигата и вкупно забележа само четири настапи за Манчестер Јунајтед. Двапати влезе во игра во Лигата на шампионите и забележа по еден настап во ФА купот и во Лига купот на Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal