ФИФА донесе официјална одлука дека на сите странци од руските и украинските клубови ќе им се даде можност еднострано да ги прекинат договорите доколку до 10 март не се договорат со своите работодавци за начинот на понатамошна соработка.
Тоа значи дека ФИФА секој од овие играчи ќе го смета за слободен играч до крајот на сезоната во Русија или Украина. Во исто време, на сите ќе им се овозможи да најдат нов ангажман за даден период каде било во Европа.
„За да може овој исклучок да биде применлив и да се заштити интегритетот на натпреварувањата, дополнителниот рок за пријавување е ограничен на еден месец, кој завршува на 7 април во тековната година. Исто така, еден клуб ќе може да ангажира најмногу двајца играчи од Русија или Украина“, се вели во соопштението на ФИФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













