Францускиот интернационалец Александре Лаказет би можел и да остане во Арсенал иако по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. Тој досега не добил понуда од раководството да ја продолжи соработката, но сега ситуацијата со него е сосема поинаква. По заминувањето на Обамејанг во Барселона, Лаказет го зазеде местото во врвот на нападот и неговата форма е во подем.
Микел Артета е задоволен од неговите настапи и соработката би можела да биде продолжена.
„Имаше сезони во кои постигнуваше повеќе голови, но сега одлично ги извршува задачите кои ќе му ги поставам. Неговиот придонес е голем. На крајот од сезоната ќе седнеме со играчите на кои им истекуваат договорите и ќе решиме што ќе правиме“, изјави Артета.
Оваа сезона, Лаказет на 26 натпревари постигна пет гола и забележа осум асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













