Фудбалската репрезентација на Македонија на 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе го игра полуфинниот бараж натпревар за пласман за Светското првенство во Катар.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, за италијанските медиуми истакна дека стравува за исходот од дуелот со Македонија.
„Стравувам од првиот натпревар против Македонија. Овие натпревари секогаш се тешки за играње. Италија е голем фаворит, но тоа за нас ќе биде многу тежок натпревар. Нема место за поправен, а Македонија е квалитетна репрезентација, постигна добри резултати во изминатиот период. Затоа фудбалерите треба да бидат многу внимателни“, изјави Габриеле Гравина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













