Ерлинг Халанд, феноменалниот млад напаѓач на Борусија Дортмунд ја одбил понудата на Барселона. Во последните две седмици каталонските медиуми пишуваа дека Барселона ги исполнила сите барања на Борусија Дортмунд, на агентот Мина Раиола и на таткото на голгетерот. На Халанд му биле понудени 100 милиони евра за пет години. Каталонскиот гигант сакал да го направи Норвежанецот најскапиот играч и главна ѕвезда на новиот тим.
Во Минхен се сретнале Халанд и тренерот Чави, но и покрај големите напори, Барселона не успеала да го убеди фудбалерот да се пресели на лето на „Камп Ноу“.
Во најтесна конкуренција за потписот на Халанд остануваат Реал Мадрид и Манчестер Сити. Реал Мадрид наводно веќе има договорено се со Килијан Мбапе, кој доаѓа без обештетување за три месеци, а првичниот план на „кралевите“ беше Халанд да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ во јуни 2023 година.
Сепак, офанзивата што манчестер Сити ја презеде во правец на ангажман на Халанд во последните денови, го принуди Реал Мадрид да направи се за да го донесе ова лето.
Норвешкиот голгетер има спектакуларни настапи во дресот на Борусија Дортмунд, постигна 80 гола и подели 21 асистенција на 79 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













