Во дербито од 28. коло на Серија А, Милан славеше против Наполи со 1-0 со голот на Жиру во 49. минута од натпреварот. Покрај трите бода сега, Милан би можел и да му земе една од ѕвездите на Наполи во летниот преоден рок.
Според италијанските медиуми, Паоло Малдини, директорот на „росонерите“, фрлил око на еден од најдобрите играчи на Наполи, Дрис Мертенс.
Белгискиот интернационалец има договор со Наполи до јуни оваа година и веќе може да потпише за друг клуб. Малдини наводно веќе имал начелни разговори со Мертенс и му понудил да се пресели на „Сан Сиро“.
Мертенс е во Наполи од 2013 година кога пристигна од ПСВ Ајндховен за 9,5 милиони евра и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













