Фудбалерите на Јувентус во 28. коло од Серија А ја совладаа Специја со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Алваро Мората во 21. минута од натпреварот, а „старата дама“ не блескаше и на овој натпревар.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по натпреварот изјави дека навивачите не треба да гледаат во заби на ваквите натпревари затоа што бодовно се сметаат и неубедливите победи.
„Ако сакаме да ги оствариме нашите цели, мора да имаме и вакви натпревари каде со многу мака ќе стигнеме до победа. Но, најважно е на крајот да ги освоиме трите бода. Почнавме добро, можевме да постигнеме повеќе од два гола во првото полувреме. Но, тогаш се почувствува замор, што се случува кога имате многу играчи надвор од ротацијата. Сега треба да се одмориме и да се подготвиме за Сампдорија, а потоа и Вилјареал, изјави Масимилијано Алегри.
Јувентус сега е сигурен на четвртото место, а се уште има шанси и во трката за шампионската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













