
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, и по синоќешниот голем триумф (0-1) во дербито со Наполи, вели дека градскиот ривал Интер е прв фаворит за освојување на „скудетото“.
Милан во моментот е првопласиран на табелата во Серија А со 60 бода, два позитива во однос на Интер кој има одиграно еден натпревар помалку.
„Среќни сме поради триумфот, победивме голем ривал на тешко гостување. Но, всушност, ништо не се промени. Интер и понатаму е фаворит бидејќи е бранител на титулата и има еден натпревар помалку. Тие имаат многу силен тим. Колку побрзо добиеме табела каде што сите тимови ќе имаат идентичен број одиграни натпревари, толку побрзо ќе можеме да ги процениме шансите“, изјави Стефано Пиоли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
