Манчестер Јунајтед го загуби дербито на „Итихад“ од градскиот ривал Манчестер Сити со 4-1, а Кристијано Роналдо не беше во составот. Но, тоа не е единствениот проблем на „Олд Трафорд“. Се шпекулираше дека е повреден, но всушност Ралф Рангник од тактички причини го планирал на клупата за резерви што го налутило Португалецот.
Иако Рангник по натпреварот откри дека Роналдо навистина е повреден, се чини дека тоа не е вистина. Британските медиуми откриваат дека Роналдо решил да отпатува за Португалија кога дознал дека нема да биде во составот за дуелот со Манчестер Сити.
Оваа негова одлука изненадила многумина во соблекувалната поради важноста и големината на мечот со градскиот ривал. И да е навистина повреден, се очекуваше Роналдо да биде со тимот и со своите совети и присуство да покаже дека им дава поддршка, но Португалецот очигледно мислел поинаку.
Манчестер Јунајтед се бори за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, кое во овој момент би било рамно на титулата. Поради тоа, останува нејасно што се случило меѓу Роналдо и Рангник, а се чини дека Германецот има тактички замисли каде не секогаш го гледа Португалецот во стартниот состав.
Ова сигурно ќе биде главна тема во наредните денови и недели, особено ако Роналдо остане „повреден“ и надвор од тимот. Следниот натпревар е веќе в сабота против Тотенхем на Антонио Конте на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal