
Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед со 4-1 во градското дерби на „Итихад“ и повторно е на +6 во однос на Ливерпул на врвот на табелата во Премиер – лигата. Тимот на Пеп Гвардиола беше супериорен, доминираше речиси во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено освои три важни бода.
Кевин де Бруин веќе во петтата минута наави дека „граѓаните“ се расположени за игра, но израмни Џејдон Санчо во 22.минута. Сепак, Белгиецот Де Бруин со својот втор гол донесе предност за Сити на одморот, а во второто полувреме и Ријад Махрез постигна убав погодок во 68.минута. Повторно Кевин де Бруин го пронајде од корнер на работ на шеснаесетникот.
Во судиското продолжение, Ријад Махрез се израмни со Кевин де Бруин и по бројот на постигнати голови, ставајќи точка на мечот.
Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтата позиција со 47 бода и го очекува жестока борба за пласман во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
