
Астон Вила покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Џорџинио Вајналдум. Холанѓанецот не се чувствува удобно откако се пресели на „Паркот на принцовите“ со слободен трансфер минатото лето од Ливерпул. Се чини дека е подготвен да си замине по завршувањето на оваа сезона, а тимот од „Вила Парк“ будно ја следи ситуацијата и подготвен е да испрати официјална понуда за него, пишува „Бирмингем лајв“.
Вајналдум досега за ПСЖ одигра 28 натпревари, на кои постигна три гола и забележа две асистенции. Сепак, пред извесно време и самиот призна дека не е среќен во Париз, па разделбата делува многу веројатна.
Сепак, Астон Вила може да се соочи со силна конкуренција за потписот на 31-годишниот играч за врска. Интересот за него не е мал, бидејќи е во фокусот на вниманието на Атлетико Мадрид, Арсенал, Њукасл и на Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
