
Европската фудбалска федерација одлучи да го промени форматот на Лигата на шампионите од сезоната 2024/2025. Наместо 32, ќе има 36 клубови. Уште поголема новина е што веќе нема да има групна фаза. Така натпреварувањето ќе изгледа како кошаркарската Евролига.
Според новите пропозиции, клубовите ќе бидат поделени во четири квалитативни групи, според нивниот ранг. Ќе одиграат пет натпревари на гости и на домашен терен.
Оние од првиот шешир ќе одиграат два меча со екипи од ист ранг, три против оние од вториот шешир и два од последниот шешир.
Првите осум тима на табелата ќе одат директно во осминафиналето. Оние кои се пласираат од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за преостанатите осум места, а поразените ќе продолжат да се натпреваруваат во Лига Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона ќе го суспендира Тер Штеген?
