Асот на Јувентус, Паоло Дибала, смета дека великанот од Торино може да дојде до „скудетото“ и покрај тоа што има завидна бодовна негатива и повеќе не е изразит фаворит, како што беше случајот пред неколку години.
Аргентинецот поради повреда ги пропушти последните два натпревари на Јувентус, а сега откри дека се чувствува многу подобро.
„Добро сум. Се вратив на тренинзите. Ако тренерот процени дека му требам, ќе играм и в недела. Сакам да играм на секој натпревар”, изјави Дибала.
Потоа продолжи со шансите Јувентус да го освои „скудетото“.
„Играме со Интер во Торино и убеден сум дека можеме да стигнеме до титулата. Има уште многу натпревари до крајот“, рече Аргентинецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













