Connect with us

Швајцарци ќе го купат Челси од Роман Абрамович

Рускиот тајкун Роман Абрамович комплетно ќе го продаде Челси. Тој доби забрана за да влезе во Англија и со туристичка виза со оглед дека има и израелски пасош, а не сака да ризикува и со евентуална следна одлука за заплена на имот.


Познат е и новиот купувач. Се огласи швајцарскиот милијардер Хансјорг Вус кој за „Блик“ откри дека веќе се водат преговори. Тој треба да биде дел од инвестициски конзорциум вреден околу 2 милијарди евра кој ќе ја преземе контролата над Челси.

Абрамович бара околу 2 милијарди фунти, но инвестицискиот фонд се обидува да ја намали оваа сума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови