
Легендарниот романски стратег Мирчеа Луческу, кој е тренер на Динамо Киев, заговара идеја која би можела да биде поддржана и од Фудбалската федерација на Романија. Првенството на Украина би можело да продолжи на територијата на Романија.
Во услови кога во Украина се води војна по инвазијата од руска страна, Романците сакаат да помогнат и сметаат дека имаат се што е потребно за безбедна организација на украинското фудбалско првенство.
Украинските клубови се подготвени да разговараат за ваквата можност. Во шампионатот на Украина во моментот води Шахтјор Доњецк со два бода предност пред Динамо Киев. Нападот во Украина се случи непосредно на вториот дел од фудбалското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ тргнува по потписот на Родриго
