
Аријан Адеми се враќа на теренот во вистински момент. Тој треба да биде подготвен да го предводи Динамо Загреб во големото хрватско дерби против Хадук Сплит на 12 март, а тоа значи дека ќе влезе во натпреварувачки ритам за баражот против Италија на 24 март во Палермо.
Адеми заработи повреда на потколеницата на мечот против Локомотива, а претходно долго се мачеше и со повреда на мускулот. Но, лекарскиот тим на Динамо Загреб работи напорно за да го оспособи за настап во најбрзо време.
Настапот на Адеми е од клучно значење ако се знае дека селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Елиф Елмас и на Тихомир Костадинов на дуелот против европскиот првак.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski