Фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк ги евакуираше своите бразилски играчи во Романија, по воената интервенција на Русија во Украина, јави денеска „Би-Би-Си“.
Украинскиот прволигаш соработуваше со Европската фудбалска унија (УЕФА), со цел 12 играчи да ја напуштат земјата каде се уште траат воените дејствија.
Клубот објави и дека Динамо Киев и Днипро успеале да ги преселат странските играчи од Украина.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите кои учествуваа во овој процес. Евакуацијата на играчите беше овозможена благодарение на личната помош на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на Фудбалската федерација на Украина Андреј Павелка и претседателот на Фудбалската федерација на Молдавија, Леонид Олејниченко“, се вели во соопштението на Шахтјор.
Шахтјор е водечкиот тим во украинскиот шампионат, а последниот натпревар го одиграа на 11 декември. Фудбалерите потоа заминаа на зимска пауза, а првенството беше прекинато минатата недела поради почеток на војната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal