Македонските фанови ќе можат да влезат во Италија и да ја бодрат репрезентацијата на Македонија на историскиот меч против „аѕурите“ во баражот за Светското првенство во Катар. Дуелот се игра на 24. март во Палермо.
Амбасадата на Италија информира дека почнувајќи од денес, 1. март, па сѐ до 31 март, кога се очекува да заврши вонредната состојба во Италија, нема да има повеќе ограничувања за влез во земјата.
Ќе може да се влезе и за туристички патувања, со приложување на Европскиот ковид сертификат, добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА. Во оваа насока, амбасадата потсетува дека Италија донираше во Северна Македонија 250.000 дози од вакцината Фајзер, што им овозможува на оние кои сè уште не го сториле тоа да го завршат циклусот, зголемувајќи ја заштитата на населението.
Алтернативно, ќе може да се влезе во Италија и со потврда/сертификат за оздравување или со прикажување негативен молекуларен или антигенски тест (од кој во секој случај се ослободени децата на возраст под 6 години). Конечно, Италијанската амбасада известува дека при влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање на патници (PLF – Passenger Location Form).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот













