
Турскиот фудбалер Ајкут Демир се најде во центарот на вниманието на светската јавност бидејќи одби да облече маица на која пишува „Стоп за војната“. Демир е член на турскиот Ерзурумспор кој вчера на домашен терен беше поразен од Анкарагучу со 1-0.
Пред натпреварот, играчите на двата тима излегоа на теренот во маички со натпис „Стоп за војната“, со што му дадоа поддршка на народот во Украина кој веќе неколку дена се бори против руската армија која ја нападна оваа земја.
Демир се најде во центарот на вниманието бидејќи одби да излезе на терен во оваа маичка, поради што доби големи критики. Турскиот фудбалер реши да се огласи и објасни зошто донел таква одлука.
„Илјадници луѓе умираат секој ден на Блискиот Исток. Сите молчат и го игнорираат бидејќи тоа не се случува во Европа. Не се чувствував удобно да ја носам таа маица затоа што не беше направена за сите земји кои се во воена состојба со години. Јас сум против сите војни во светот и фактот дека невини луѓе гинат секој ден, треба подеднакво да го осудиме за сите делови од светот“, изјави Ајкут Демир.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
