
Светската и Европска фудбалска организација донесоа очекувана одлука, да ги исклучат сите руски тимови и репрезентации од нивните натпреварувања. Ова откако сите други селекции најавија дека ќе ги бојкотираат натпреварите, а поради инвазијата на Русија над Украина.
„По првичните одлуки усвоени од Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА, кои предвидуваа усвојување дополнителни мерки, ФИФА и УЕФА денеска заедно одлучија сите руски тимови, без разлика дали се репрезентативни или клупски тимови, да бидат суспендирани од учество во двете натпреварувања на ФИФА и УЕФА до понатамошно известување.
Овие одлуки денеска беа усвоени од Бирото на Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА, односно највисоките тела за одлучување на двете институции за вакви итни прашања.
Фудбалот е целосно обединет овде и во целосна солидарност со сите луѓе погодени во Украина. Двајцата претседатели се надеваат дека ситуацијата во Украина значително и брзо ќе се подобри за фудбалот повторно да биде вектор за единство и мир меѓу луѓето“, се вели во соопштението на ФИФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
