Connect with us

ФФМ ги посети стадионите во Палермо и во Порто, се чека распределба на билетитe за баражот

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија ги посетија стадионите “Ренцо Барбера” во Палермо и “Драгао” во Порто за детален увид на условите за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Катар, информираат од федерацијата.


„Нашата федерација во најбрзо можно време очекува официјална информација за распределбата на билети за натпреварот против Италија на 24. март, а исто така ги следиме промените во ограничувањата за влез во Италија поради епидемиолошката состојба поврзана со Ковид-19“, велат од ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови