
Австрискиот интернационалец Давид Алаба има се помалку шанси за настап на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ во Мадрид.
Дефанзивецот на Реал до неодамна го повреди мускулот и не беше во составот во саботата против Рајо Ваљекано. Неизвесно е дали ќе се опорави и за дуелот против ПСЖ на „Бернабеу“.
Одамна е познато дека мечот меѓу Реал и ПСЖ во Мадрид ќе го пропуштат Ферлан Менди и Кашемиро, двајцата поради суспензија, што значи дека левата страна на кралскиот клуб практично ќе биде отсечена пред најважниот меч досега оваа сезона.
ПСЖ славеше со 1-0 на „Паркот на принцовите“ со голот на Килијан Мбапе, а реваншот се игра в среда на 9 март од 21 часот во Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
