
Германскиот клуб Шалке 04 соопшти дека привремено е прекинато партнерството со руската компанија „Газпром“. Со ескалацијата на настаните во Украина, Шалке веднаш најави дека ќе ги отстрани ознаките на „Газпром“ од дресовите, што и го направи, а денеска беше донесена одлука партнерството да биде раскинато на неодредено време.
Значи, постои можност во иднина да продолжи нивната соработка која датира од 2006 година, но кога, не се знае.
Шалке добиваше 10 милиони евра годишно на основа на последниот потпишан договор со „Газпром“, а сега кога нивниот најсилен спонзор си заминува од клубот, прашање е каква ќе биде иднината.
Член на Шалке е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
