
Легендарниот Џанлуиџи Буфон продолжува во Парма и во наредните две години. 44-годишниот Џиџи Буфон потврди дека не планира наскоро да се откаже од фудбалот бидејќи денеска потпиша нов договор со Парма. Тој има важност до летото 2024 година, што значи дека сигурно ќе брани до свои 46 години.
Џиџи се врати на „Енио Тардини“ пред почетокот на сезоната, а претходно беше во Јувентус и Пари Сен Жермен. Од оваа зима негов соиграч е и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој од Џенова се пресели во Парма.
Парма се натпреварува во Серија Б, но е само на 13. место и тешко дека ќе може да се избори за промоција. Сепак, Буфон е на ниво, не примил гол на осум од 23 натпревари во првенството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
