
Манчестер Јунајтед подготвува понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, следното лето, тврди „Билд“. „Црвените ѓаволи“ се решени да купат играч од врвна класа во нападот и последните информации се дека сите сили ќе ги насочат кон капитенот на англиската репрезентација.
Ова не е првпат Кејн да биде поврзуван со интерес од „Олд Трафорд“. Сепак, минатото лето беше многу поблиску до трансфер во Манчестер Сити. „Граѓаните“ водеа интензивни преговори за негов ангажман, но не успеаја да се договорат со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.
„Граѓаните“ веќе се откажаа од „ловот“ на Кејн и силите ги насочија кон Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Јунајтед планира да го искористи ова и да достави сериозна понуда за најдобриот стрелец на Тотенхем.
Овој пат се очекува Даниел Леви да биде многу помек кон идејата да го продаде Кејн. Напаѓачот продолжува да инсистира на трансфер и сака да оди во тим кој ќе се бори за титули. Со Тотенхем и оваа сезона тоа не му успева.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
