Манчестер Сити го победи Евертон со 0-1 на „Гудисон парк“ во 27. коло од Премиер – лигата. Фил Фоден во 82. минута искористи грешка во одбраната на Евертон и донесе водство, а пет минути подоцна настана ситуација која предизвика бројни реакции во англиската јавност.
Родри очигледно играше со рака во шеснаесетникот на Сити, но судијата Пол Тиерни, како и луѓето во ВАР собара проценија дека нема пенал.
По натпреварот екстремно лут беше менаџерот на Евертон, Франк Лампард, кој го критикуваше судењето.
„Одлуката е неверојатна затоа што ни требаше шанса да го добиеме заслуженото. Немаше да ми требаат повеќе од пет минути за да видам дека тоа е пенал. Требаше да му каже на судијата да го досуди или да оди сам да види. Топката го удри играчот во раката, која беше во неприродна положба. Мојата тригодишна ќерка знае дека тоа беше пенал“, изјави Лампард.
„Загубивме бод поради професионалец кој не може да си ја врши работата како што треба. Тоа е неспособност. Судијата знае дека тоа е пенал, но не можеше да ја види ситуацијата“, изјави Лампард по натпреварот.
Манчестер Сити му побегна на Ливерпул шест бода, но тимот на Јирген Клоп има натпревар помалку и нема да настапи во првенството викендов, со оглед дека ќе игра во финалето на Лига купот против Челси.
Евертон е на 17. место и само еден бод го држи над зоната за испаѓање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal