![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/10/zoao-feliks-333.jpg)
Арсенал добил понуда на лето да го доведе напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, откриваат медиумите на Островот. Не е тајна дека лондончани бараат нови играчи во нападот, бидејќи ќе останат без Александре Лаказет и Еди Нкетија, чии договори истекуваат на лето. Обамејанг замина во Барселона, па клубот веќе бара нови опции.
22-годишниот Жоао Феликс со големи очекувања пристигна во Атлетико Мадрид, кој за него плати огромна сума од 127 милиони евра на Бенфика во летото 2019 година. Сепак, Португалецот никогаш не успеа да го открие својот целосен потенцијал на „Ванда Метрополитано“. Тој има само 24 гола за клубот на 102 одиграни натпревари. Тој не игра редовно во тековната кампања, забележа 26 натпревари и 5 гола.
Затоа Атлетико е подготвен да се раздели со Феликс и му го понуди на Арсенал. Клубот се надева дека ќе си врати дел од парите што ги вложи во Португалецот, иако во моментов неговата цена драстично падна и се проценува на околу 60 милиони евра.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/napoli-so-udineze-3.avif)