Connect with us

Поранешниот македонски селектор се бори со Ковид-19, на интензивна нега во Барселона

Поранешниот македонски селектор Џон Тошак се бори со коронаворусот и се наоѓа во тешка здравствена состојба. Тој е во оддел за интензивна нега во клиника во Барселона и има тежок облик на пневмонија. Тошак има проблеми со дишењето и поставен е механичка вентилација со помош на респиратор.


Тошак во периодот меѓу 2011 и 2012 година беше селектор на македонскиот национален тим, добивајќи ја довербата од тогашниот претседател на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески.

72-годишниот стратег е играчка легенда на Ливерпул и на Кардиф, а како тренер го предводеше и славниот Реал Мадрид. Беше селектор и на родниот Велс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови