
Руската фудбалска федерација изрази надеж дека Полска и Шведска ќе претрпат официјални службени порази доколку одбијат да играат во претстојните квалификации за Светското првенство во Катар. Ова го пренесе „ТАСС“, цитирајќи го потпретседателот на федерацијата, Денис Соловјов.
Руската репрезентација на 24. март во Москва треба да го одигра полуфиналниот натпревар против Полска, а победникот од овој меч ќе ги одмери силите со Шведска или со Чешка. Последниот натпревар треба да се одигра на теренот на победникот од двојката Русија – Полска.
Сепак, Полска, Шведска и Чешка изградија заеднички став дека нема да патуваат за Москва.
„Засега нема официјален став од ФИФА за изјавите од 24 февруари. Се друго е гатање. Има правила и ако Швеѓаните или некој друг одбие да игра, тогаш треба да се почитуваат правилата и затоа мора да се пласираме на Светското првенство“, изјави Денис Соловјов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
