
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус планираат да направат втор обид за формирање на Европска Суперлига, која ќе се одлепи од УЕФА и ќе ја замени Лигата на шампионите. Минатата пролет, некои од најголемите европски клубови објавија дека планираат да се приклучат на Суперлигата, но проектот брзо пропадна поради огромните реакции на навивачите, пред се на Островот.
Сепак, Реал, Барса и Јуве одбија да кажат дека се откажуваат од проектот, а сега ќе се обидат да го рестартираат.
Претседателот на Јувентус и еден од иницијаторите на идејата, Андреа Ањели, се очекува викендов да зборува на деловен состанок на кој ќе даде повеќе детали за новиот и подобрен формат на Суперлигата. Според информациите, ќе биде отстранет еден од деталите што најмногу ги изнервира навивачите – немањето тимови што испаѓаат, а квалификацискиот процес ќе стане поотворен и достапен за повеќе клубови.
Во секој случај, се очекува нов остар одговор од УЕФА, бидејќи претседателот на европската фудбалска централа Александар Чеферин минатото лето ги опиша претседателите на трите клуба како „шарлатани“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
