Connect with us

Рангник: Не се работи за (не)среќа, туку за слаба реализација

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, беше видно разочаран по ремито 0-0 против Вотфорд. „Црвените ѓаволи“ го надиграа противникот на „Олд Трафорд“, но многуте промашувања ги чинеа домаќините победа.


„Направивме се што требаше, но без да постигнеме гол. На крајот, сепак, кога толку многу промашувате, тешко дека ќе го добиете натпреварот. Речиси цело време го контролиравме натпреварот и не им дозволивме да направат ниту еден контранапад“, коментира Рангник.

„Треба да бидеме подиректни пред голот. Тешко е да се создадат повеќе од овие ситуации што ги направивме денеска. Многу разочарувачко попладне. Можеби понекогаш немаме среќа кога ќе ја погодиме гредата, на пример, но имавме неколку шанси сами против голманот. Не се работи тука за среќа, туку за ефикасност пред голот“, додаде тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови